Zmija
затоа што другите животни се геј!
20 декември 2011
Lorem Ipsum
10 јули 2009
Kittylicious
1. Мачкин ПМС.
2. Особено нервозен сопственик на мачки.
3. Нинџа мачка.
4. Основната работа која ви е потребна за нервирање (јодлање) на вашата мачка е всушност вашата мачка.
5. Мачка со дигестивни проблеми.
6. Перверзно-насилна мачка.
7. Naughty, dirty, spank loving cat.
8. Ефикасен начин да спречите тепачка.
9. Две видеа од мачки работници. Знам дека вака листата се состои од единаесет видеа, derp.
9 1/2. Специјализиран сервис за принтери.
9 2/2. iClean cat.
10. Жената со 130 мачки.
Бонус: Жената со 130 мачки (видео). < /spam >
Catz + videoz = pUuuUrfect. ♥
Breathe

Some nights I miss you so much, that I kinda feel you jumping on my bed, and pulling your little body under my pjs. Then, I hear you purring strongly. And in the end, I usually wake up, and I just know that you're fine, happy and well taken care of. You were, are, and will always be my baby, despite this big distance between us. ♥
*Breathe од Télépopmusik.
08 јули 2009
Glimmer
Спомен. Мал збор со големо значење. Нештото кое останува, по завршувањето на одредени моменти во нашиот живот. Мили, убави моменти.Чоколадите кои дедо ми ги криеше во црното палто, во плакарот под скалите и нежно ми шепкаше каде да ги барам, пред да оди на дежурство во Градска болница. Баба ми секогаш се лутеше и тоа беше нашата мала тајна.
Карамелите на баба ми кои скришно ги изедов, а беа наменети за коледарите.
Печените пиперки на дедо ми, кои секогаш му ги јадев пред да ги допече. Еднаш случајно му се измеша една лута пиперка со благите, чие дејство ме натера да плачам цел ден. Дедо ми плачеше со мене.
Моментот во кој си го зашив малиот прст на машината за шиење алишта на баба ми и татко ми и дедо ми плачеа повеќе од мене.
Баба ми која упорно се трудеше да ме натера да бројам животни, а јас од мала ја мразев математиката.
Напорот на дедо ми (татко на татко ми) да ме натера да ја викам мајка ми крава, бидејќи таа ме убеди дека татко ми е тапир.
Баба ми која ми правеше тотална, детска конфузија убедувајќи ме дека ми е сестра. Трчав расплакана кај мајки ми и ја молев да ми објасни како е можно таа да ме родила мене, баба ми неа, а јас и баба да сме сестри...
Поларната мечка Умка, Чевличките, Баљум-Баљум, Кенгурчето Опа Оп, Шарка, Летечките Мечиња и останатите цртани на МТВ1.
Жолтата количка, розевиот нокшир, песните на дедо ми, кучето на мајка ми, влашките приказни на баба ми, приспивното нишкање на татко ми.
Куклата Пипи, која ми ја донесе едната баба, а другата ми соши неколку различни облеки за неа. Толку ја сакав што не можев да заспијам без неа, во никој случај. Еден ден се претвори во обичен сунѓер.
Спомени кои не можат да се вратат, без оглед на тоа, колку го сакам истото.
*Glimmer од Aqualung.
23 јуни 2009
God
God е песна од Tori Amos, пејачка, жена, симбол за кој никогаш не би можела да пронајдам соодветен опис, збор. Впрочем, што е зборот? Ништо. Секој може да го напише, ретко кој ќе го разбере. God е песна која се бори против патријархатот, песна за религиското потиснување на жените. Веројатно е потребно некој да ги упати масите во борба против религијата, заслепеното следење на однапред дефинирани идеали, мозочно-перење... Борбата за право на глас, стоп на поделбата за машко-женски професии, еднаква плата... е неоснована. Денес, контрацептивните пилули се продаваат како витамини.
Добив идеја за поинаква, безимена идеологија, која ќе шири една, единствена идеја и ќе се бори за само едно право. Правото на жените да престанат да се жалат од својата тежина. Дали би ги отстраниле белезите кои ве враќаат во детските денови?
Мојот стомак е збир од спомени, среќни моменти, скриена призма на задоволства. Тој е пица со двојно кашкавал, банички со сирење и лиснати со виршла, француски кроасани со путер, сладолед од ванила со прелив од малина, јуфки со шеќер, премногу оброци од Mc Donald's, пржени компирчиња, пирошки со тартар сос, француска салата, чипс со вкус на сирење, топло чоколадо со двојно шеќер, тостови со многу мајонез, тортиљи со лут сос, чоколадо со јаготки и јогурт... Спомени од кои не сум подготвена лесно да се одвојам.
17 јуни 2009
My fondness in general, and stuff.
Премногу работи и не ми се допаѓаат. Некогаш истото нешто, во одредена ситуација ми се допаѓа, за веќе следниот ден, во поинаква ситуација да ми е одвратно.
Поентата ми беше дека, ми се допаѓа кога го избегнуваш погледот на особата која ти се допаѓа, мислејќи дека така тој/таа нема да се посомнева во истото. Ми се допаѓаат благо пијаните девојки, чиј кармин е малце размачкан. [Note to self: научи да пиеш, па потоа филозофирај.] Кога ќе видиш дека одредена особа те бара на телефон и ќе ти затрепери гласот. Ми се допаѓа храната која ја јадам, откако сум испила литар вино. Асистентите кои не се трудат да бидат хумористични. Децата кои не знаат да јадат сладолед и стално им тече од корнетот. Мирисот во југо, пегла, фиќо или буба. Машките индивидуи кои безусловно се обидуваат да се средат, но не им успева. Ми се допаѓа дечко со лап топ. Дури и самата помисла на послееднава реченица, премногу ми се допаѓа. Луѓето кои при зборување/пишување се обидуваат да ме импресионираат со нивната „елоквентност“, а завршуваат со користење на терминот „пневматичен“, чие значење ни самите не го знаат. Ми се допаѓаат луѓето кои оставаат празно место по точка. Ми се допаѓаат и луѓето кои користат интерпункциски знаци. Распар пижами. Возрасни луѓе кои сеуште спијат со мечињата од своето детство. Ми се допаѓаат блоговите. И лажното сонце во март. Апостолките кои ги носат апсолутно сите во јули. Црните капути во јануари кои даваат сериозен изглед. Патиките кои воопшто не одговараат со истите капути, но сепак го дополнуваат слаткото издание. Ми се допаѓа мирисот на дудинки, иако не ми се допаѓа нивниот вкус. Јогурт и смоки, чоколадо и смоки. Смоки, генерално. Црвени чевлички. Кристално сино небо. Мастики со вкус на боровница. Зелен чај со тахебо. Кратки шорцеви и спојлери во комбинација со истите. Девојки кои се срамат од своите големи гради. Предењето на мачките, кое е толку гласно, што лесно те разбудува. Кога бакнуваш дечко кој не се избричил неколку дена и кожата ти се иритира. Ми се допаѓа мирисот на печени пиперки. Кога почнувам со јадење, а ручекот не е готов. Кога се шетам низ дома како да ме гледа некој. Успешното препишување. Претерана искреност. Рационалност. Растурени соби во кои може да се чепка низ фиоките и полиците. Кога баба ти ти носи пижама за 18ти роденден. Слушање песна на repeat. Користење на shift+alt кога сакаш да напишеш збор на english/македонски. Коњак со сок од јаболко. Изгледот на луѓето кога ќе станат од спиење. Priceless моменти.
Ми се допаѓа кога на сред мастурбирање твоите влегуваат дома и ти успеваш да го завршиш тоа што си го почнал/a пред да ја отворат вратата од твојата соба. Не ми се допаѓа кога нема да го имаш потребното време и мораш да прекинеш.
14 јуни 2009
From this day on...
Не дека имам намера да пишувам високо интелектуални текстови на дефинирани, сериозни теми. Всушност, немам апсолутно никаков план. Ова е едноставна, случајна промена од срце. Веројатно следната недела повторно ќе има пост за армадила.
За да не продолжи ова mambo-jambo, филозофско објаснување, ќе прејдам на статијата која ме инспирира да го пишувам овој текст. Статијата (на англиски јазик) која мене исклучително ми се допадна, може да се најде на овој линк. Станува збор за основно училиште кое својата потреба за нов/a директор/ка, ja огласило во вид на љубовен оглас. Школото за себе вели дека е атрактивно, мало но весело и живо, а бара енергична личност со визија за забава, пријателство и нови знаења.
Тоа што мене ми е особено интересно во овој оглас е фактот дека, самиот оглас е поставен во вид на спој меѓу професионалноста (потребата од ново работно место) и приватноста (имплементацијата на љубовен аспект во самото занимање). На едната страна во овој спој се наоѓа љубовта, креаторот на целата нашата егзистенција и на сите мали, поединечни нешта кои го дефинираат нашето постоење. На другата пак, се наоѓа интерперосналната, професионална потреба за полесна егзистенција. Потребата од обезбедување на полесен живот за себеси и за тие кои ни се најблиски.
11 јуни 2009
08 јуни 2009
01 јуни 2009
Серверо-болка.
„Честитки _______! Успешно го крена серверот!
Твоите следни опции се:
1) Контактирај го Pedobear.
2) Оптимизација на серверот.
3) @#& му ја мајката и на Кире Печијаревски и на натпреварувачи и све.
4) Пушти коса и слушај Whitesnake.
5) Од две недели што сме заедно, ти серверот пепел го напраи.
6) Shift + Delete и оди во најблиската кафана. (препорачано)
Време е за спиење. Угасна сонцето.
