23 јуни 2009

God

Дали е возможно пишувањето за „женските работи“, истоименото секојдневие и типичните ставови, да не биде третирано како феминистички текст? Зошто некој би се трудел да поддржува некаква идеологија, со која сам си ги негира правата за кои некои одамна се избориле? Двата пола не би биле „два пола“, кога би постоела целосна полова рамноправност и еднаквост. Денешното феминистичко размислување прераснува во борба против природата, наместо борба за правата на жените.

God е песна од Tori Amos, пејачка, жена, симбол за кој никогаш не би можела да пронајдам соодветен опис, збор. Впрочем, што е зборот? Ништо. Секој може да го напише, ретко кој ќе го разбере. God е песна која се бори против патријархатот, песна за религиското потиснување на жените. Веројатно е потребно некој да ги упати масите во борба против религијата, заслепеното следење на однапред дефинирани идеали, мозочно-перење... Борбата за право на глас, стоп на поделбата за машко-женски професии, еднаква плата... е неоснована. Денес, контрацептивните пилули се продаваат како витамини. 

Добив идеја за поинаква, безимена идеологија, која ќе шири една, единствена идеја и ќе се бори за само едно право. Правото на жените да престанат да се жалат од својата тежина. Дали би ги отстраниле белезите кои ве враќаат во детските денови?

Мојот стомак е збир од спомени, среќни моменти, скриена призма на задоволства. Тој е пица со двојно кашкавал, банички со сирење и лиснати со виршла, француски кроасани со путер, сладолед од ванила со прелив од малина, јуфки со шеќер, премногу оброци од Mc Donald's, пржени компирчиња, пирошки со тартар сос, француска салата, чипс со вкус на сирење, топло чоколадо со двојно шеќер, тостови со многу мајонез, тортиљи со лут сос, чоколадо со јаготки и јогурт... Спомени од кои не сум подготвена лесно да се одвојам. 

3 comments:

  1. Јуфки со шеќер? :S

    ReplyDelete
  2. "Мојот стомак е збир од спомени, среќни моменти скриена призма на задоволства." Тој е форнети, лесковачка вили, од кај цуци несто лиснато и со павлаце, диетален гевреk и јогурт со масленост 0,о ,екс вирШлата од кај Шипо на коше, од Mалага портокал и цоколадо (не мандарина)+ бозице, пценка, смокицки, колаце од Дивино од кај таа со ќе ја убијам (колаце за да потисссне се надолу)Аматце-- пола пицице пола сендвице,,другарски бе... Спомени од кои СУМ подготвена лесно да се одвојам пошо столцево почна да крцка, а иде лето и треба да почнат да се прават бебиња, а за да се направи едно бебе потребно е миниЌ, а за еден миниЌ фино да изгледа потребно е 100 грама пченица и 3 оревчиња и сето тоа се става во желудник убаво да се свари околу десет дена. Потоа вашето газе во миниЌ е спремно за дегустација.

    Bonne apettite

    ReplyDelete
  3. @Andrijeski

    Јуфки со шеќер, FTW! Со два збора: пои јадење.

    Милено, немој те молам да се збогуваш со спомените. Со кого ќе делам крем-пица и сендвич од Амати? Па потоа во Малага на чоколадо-портокал и варијегато шумско со боза и лимонада. На крај баклави и овошна кошничка со јагоди. Среќни времиња.

    ReplyDelete